Арсенал го растури Реал Мадрид, ама не може да го победи Брентфорд дома (Видео)

Арсенал ги разочара навивачите на својот терен, откако одигра само 1:1 против Брентфорд во меч од 32 коло во Премиер лигата. По ова реми, Топчиите остануваат со двоцифрено заостанување во однос на лидерот Ливерпул, кој утре на свој терен ќе игра против Вест хем и ќе има можност да ја зголеми предноста на 13 бодови.

Пред само неколку дена, фановите на Арсенал во Лондон беа сведоци на убедлива победа од 3:0 против Реал Мадрид во четвртфинале од Лига на шампиони, но вечерва не можеа да го победат Брентфорд.

Топчиите поведоа со голот на Томас Партеј во 61 минута по одличниот контра напад.

Сепак, гостите не се предадоа и во 74 минута ситгнаа до 1:1, а тој погодок може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести