Арсенал го растури Реал, но киксна против Брентфорд, па Артета вели: „Ова е разочарувачки“

Арсенал го одигра можеби најубавиот натпревар во последните неколку години против Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите и со победата од 3-0 е многу блиску до пласман помеѓу најдобрите четири екипи. Сепак, избраниците на Микел Артета не успеаја да го победат Брентфорд во Премиер лигата и се чини дека полека, но сигурно, се откажуваат од борбата за титулата.

„Разочарувачки е бидејќи загубивме два бода. Со оглед на тоа што направивме, колку доминиравме и колку малку шанси дозволивме пред нашиот гол, мислам дека направивме доволно за да победиме. Сакавме да ги зголемиме шансите за нашата цел во Премиер лигата, но со овој резултат тоа е малку веројатно дека ќе се случи. Против Брентфорд доколку не можете добро да се браните, ќе бидете казнети. Тие беа добро организирани и беше многу тешко да се создаваат шанси. Во многу ситуации можевме подобро да ги завршуваме нападите. Атмосферата сега беше поинаква за разлика од вторникот, тоа е сигурно.“ – рече Артета после неочекуваниот кикс против Брентфорд.

- Оглас -

Најнови вести