Арсенал го сонува трофејот, Артета во јануари носи засилување од 100 милиони евра

Арсенал беше главниот ривал на Манчестер сити во последните две сезони, но не успеа да го врати трофејот од Премиер лигата во Лондон. Калафиори и Мерино беа донесени за посилен Арсенал, но оваа сезона не оди според планот за „топчиите“.

Затоа Микел Артета подготвува трансфер-бомба и тоа уште во јануари, а раководството на Арсенал е подготвено да испрати понуда од 100 милиони евра до Вест хем за нивниот офанзивен фудбалер за врска, Мохамед Кудус.

Кудус оваа сезона има постигнато два гола, но доби и суспензија од три натпревари поради црвен картон, додека за целиот период во Вест хем има постигнато 18 гола.

- Оглас -

Најнови вести