Арсенал доби нов удар во клучен момент. Микел Артета ќе мора да го води тимот без Нони Мадуеке во следните два месеца.
Англискиот репрезентативец беше во одлична форма и ја искористи шансата додека Букајо Сака беше повреден, дури и стартуваше на дербито со Манчестер сити. Но, проблемите настапија уште на полувремето, кога мораше да биде заменет. Првичните шпекулации зборуваа за најлошо сценарио, оштетување на вкрстените лигаменти, но официјалната дијагноза донесе малку олеснување: сериозна повреда е избегната, сепак паузата ќе трае најмалку два месеца.
Иако враќањето на Сака е позитивна вест за Топчиите, загубата на Мадуеке доаѓа во период кога распоредот е исклучително згуснат. За Артета тоа значи нов голем предизвик да го одржи тимот конкурентен на сите фронтови.