36.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Арсенал го заврши првиот зимски трансфер

Арсенал набрзо ќе го комплетира трансферот на младиот централен дефанзивец, Омар Рекик, од редовите на Херта Берлин.

Топчиите ќе издвојат околу 900.000 фунти за ангажманот на 19-годишниот холандски репрезентативец, кој пак до крајот на сезоната ќе остане во тимот од Берлин како позајмен играч.

Талентираниот стопер кариерата ја почна во Феенорд, а играше уште за младите екипи на ПСВ, Манчестер сити и Марсеј, пред да се пресели во Херта на 16 години.

Иако сè уште го чека првиот сениорски настап во Бундеслигата, Рекик добро се покажа во младинските категории во Германија, а Артета го препозна неговиот талент.

 

- Оглас -

Најнови вести