Новото 20-то коло на Спортската прогноза започна денеска, а во понудата има 13 натпревари кои ќе се играат во викендот кој следи. Еден од оние дуели кои ќе бидат во фокусот е големото лондонско дерби меѓу Тотенхем и Арсенал.
Според изгледот на табелата, Арсенал, кој е лидер во Премиер лигата, треба да е голем фаворит против Тотенхем, кој е на 16-тото место и нема победа на последните осум дуели во домашното првенство. Сепак, Арсенал има само две победи во последните пет кола и гостувањето кај Тотенхем може да биде и проблем за Топчиите.
Секако, тука се уште 12 интересни дуели од најсилните лиги во Европа, а предизвикот за сите прогнозери е едноставенож да се обидат да бидат перфектни во прогнозирањето.
За максимални 13 погодени фиксови, следува главната премија, а тоа е освојување на Phone 16. Подароци има и за оние коишто ќе имаат 12 и 11 погодени мечеви. Со 12-ка се добива вредносен ваучер од 1.000 денари од Sport Life, додека 11-ката вреди 500 денари.


