1003 Ман. Сити – Вест Хем (16.00 часот)
Граѓаните имаат прилика да фатат победнички ритам, после победата во минатото коло сега пак се големи фаворити против Чеканите кои во минатото коло беа прегазени од Ливерпул со 0-5. И традицијата е на страна на Сити. Вест Хем победи на „Етихад“ во 2015 година, а од тогаш наваму загуби на сите гостувања таму. Нерешено не било од 2008. Во претходните две сезони, Сити дома даваше по три гола против Вест Хем.
Предлог тип: 1 & 2-5 (1.74)
3002 Фиорентина – Наполи (18.00 часот)
Наполи има серија од три лигашки победи по ред, а за разлика од нив, Фиорентина е целосна спротивност, има три кола по ред без победа и почна да заостанува во трката за титулата. Виолетовите се тим кој има дадено повеќе голови од наполитанците, но Наполи ја има најцврстата одбрана во Серија А, само 12 примени голови на 18 меча. Последните три меѓусебни дуели на овие екипи беа со 3+ голови. Фиорентина дома не го победила Наполи уште од 2018 година.
Предлог тип: Х2 & 2+ (2.10)
1114 Брајтон – Арсенал (18.30 часот)
Брајтон се специјализираше за ремија, има пет нерешени игри во последните седум кола, но на Арсенал бод не му врши голема работа ако сака да остане во трка за титулата во Премиер лигата. Топчиите имаат три победи по ред и во моментов се на 12 бода пред Морските галеби. Последната победа на Брајтон дома беше пред речиси два месеци и тоа против Манчестер сити, а овој тим освои бод на гостувањето кај Арсенал на крајот на август и тоа треба да биде предупредување за лондонскиот тим.
Предлог тип: 2 пдг & 2 (2.00)
1541 Бенфика – Брага (19.00 часот)
Ова е дерби дуел на два тима кои загубија во минатото коло од португалската лига. Бенфика се бори за титула и има десет бодови повеќе од Брага. Лисабонските Орли примија само 9 гола на 16 меча сезонава. Бенфика дома има серија од четири победи по ред против Брага, а нерешено во нивните пресметки во Лисабон не било уште од 2012 година. Ако сака да го задржи чекорот со Спортинг и Порто, Бенфика мора да победи.
Предлог тип: 1-1 (2.16)
1364 Барбастро – Барселона (19.00 часот)
Четвртолигашот Барбастро во 32-финалето приреди сензација со победата од 2-0 против Еспањол, и за „награда“ во 16-финалето ја доби Барса со која се соочи и лани во Купот на Шпанија. Лани на 7-ми јануари, Каталонците победија минимално со 3-2, на полувреме беше 1-0. Сега гигантот повторно ќе игра со комбиниран состав и чудо би било ако не успее да се пласира во следната фаза. Ако Барбастро даде силен отпор, Барса ќе мора да притисне во вториот дел. Затоа типуваме дека ќе има повеќе голови во второ отколку во прво полувреме.
Предлог тип: 2>1 (1.73)