1006 Арсенал – Астон Вила (20.30 часот)
Топчиите имаат перфектен скор по четири кола, ги добија сите противници, а фаворити се и против Вила. На сите четири меча досега, Арсенал даваше барем два гола. Од друга страна, Астон вила има три бода, уште немаат нерешен резултат во воведните четири рунди, а примаа барем по еден гол на сите средби. Одбраната на гостите е ослабена со неиграњето на Диего Карлос, а традицијата најавува голеада. Последните 12 меѓусебни мечеви на овие екипи во Лондон секогаш биле со 3+ голови.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.20)
1144 Вест хем – Тотенхем (20.45 часот)
Вест хем сезонава ја почна полошо од очекувањата, немаа ниту еден бод во првите три кола, а во четвртото победија со неубедливи 1-0, но барем го разбија малерот. Чеканите се непредвидлив тим кој кога е мотивиран, може да изненади секого. Вест хем даде само еден гол во првите четири кола, најнеефикасни се во цела лига. Тотенхем добро гази, има 10 бода од можни 12. Последниот пораз на Петлите на гости беше во март, но тие губеа на последните две гостувања кај Вест хем.
Предлог тип: ГГ (1.62)
3663 Наполи – Лече (20.45 часот)
Наполи е една од шесте екипи во Италија кои имаат по седум бода од три кола, но Наполитанците се најефикасен тим во Серија А, со просек од три постигнати голови по натпревар. Лече е тим кој во првите три кола освои само еден бод, но играше тесни мечеви и поразите им беа минимални. Ако сака да се трка за титула, Наполи мора да ги добива ваквите мечеви против аутсајдери. Интересно е што Лече победи со 3-2 на своето последно гостување во Неапол во 2020 година. Нема нерешено во нивните меѓусебни дуели уште од 2009 година наваму.
Предлог тип: 1 & 2+ второ (2.23)
1145 Ливерпул – Њукасл (21.00 часот)
Њукасл има серија од три нерешени игри по ред, Чавките уште немаат пораз сезонава, а играа и со моќниот Манчестер сити. Ливерпул по „деветката“ во мрежата на Борнмут, што беше нивна прва радост сезонава, полн со самодоверба влегува во клинч со Црно-белите. Црвените постигнаа 13 гола на четири меча, на сите дуели погодуваа барем по еднаш. Двата тима имаат проблеми со повредени играчи, а кај Ливерпул го нема и суспендираниот Дарвин Нуњез. Њукасл 28 години нема победено на „Енфилд“, за нив и бод би бил премија.
Предлог тип: 1 & 0-29 мин. (1.84)
2915 Лил – Ница (21.00 часот)
Да не беше дебаклот од 1-7 против ПСЖ, ќе можеше да се каже дека Лил има добар старт на сезоната бидејќи во преостанатите три меча имаше две победи и едно нерешено. Лил на сите мечеви даваше барем по еден гол. Ница се засили летово со некои звучни имиња, но резултатите се лоши, уште немаат победа по четири кола, проблем им е ефикасноста. На четири меча Ница даде само два гола. Во минатата сезона, Ница триумфираше со 4-0 на гостувањето кај Лил.
Предлог тип: 2>1 (1.98)