Арсенал и Баер Леверкузен мора да победат за да останат во чекор со лидерите во своите првенства

1005 Кристал Палас – Арсенал (18:30 ч.)

Во последните две години овие два тима играа пет пати и во сите пет дуели победуваше Арсенал. Топчиите пред само три дена го елиминираа Кристал Палас во Лига купот победувајќи го со 3:1.

Арсенал има две реми по ред и полека го губи темпото да го следи лидерот Ливерпул, па затоа не смее да си дозволи нов кикс. Според досегашните резултати, Кристал Палас ќе се бори за опстанок.

Предлог тип: 2&2-4 (2.35)

 

3004 Лече – Лацио (20:45 ч.)

Добро игра Лацио во првиот дел од сезоната и заостанува само шест бода зад лидерот Аталанта. Токму затоа, на гостувањето кај Лече, Небесносините сигурно ќе атакуваат на освојување нови бодови.

Интресно е дека во последните 10 меѓусебни дуели, двата тима имаат по четири победи, а два пати било нерешено. Во овој период, на девет од 10-те дуели двата тима давале барем по еден погодок, а дури осум пати било гол-гол 3+ и затоа тука ќе ја следиме традицијата.

Предлог тип: ГГ3+ (2.50)

 

1807 Баер Леверкузен – Фрајбург (18:30 ч.)

Актуелниот германски првак нема право на кикс, иако против себе има ривал кој игра одлично. Головите се загарантирани кога играат овие ривали, па така на последните шест меѓусебни пресметки секогаш двата тима давале гол, а пет пати било 3+.

Баер Леверкузен е во одлична серија и има седум победи по ред, па сигурно Фармацевтите полни со оптимизам го чекаат и овој меч на свој терен.

Предлог тип: 1& 1+I&1+II (1.87)

 

1306 Осасуна – Атлетик Билбао (18:30 ч.)

Двата тима се во добра форма. Осасуна има победа и четири реми на последните пет меча, додека Атлетик е одличен и во последните 13 дуели нема порази (девет победи и четири реми).

Атлетик Билбао ја има третата најдобра одбрана, па тука може да биде пресметка со малку погодоци.

Предлог тип: Х2&0-2 (1.89)

 

1953 Бешикташ – Аланијаспор (17 ч.)

Домаќинот е голем фаворит, но не треба да се заборави дека Аланијаспор победи на четири од последните пет меча што ги одигра и постигна вкупно 12 гола на сите средби.

На последните 11 дуели на овие два тима секогаш имало барем два гола по натпревар.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.82)

- Оглас -

Најнови вести