Арсенал и Барселона ќе играат во финалето на фудбалската Лига на шампиони за жени. Мечот за титула е закажан за 24 мај во Лисабон.
Барса на доминатен начин го елиминира Челзи, Каталонките двапати славеа со по 4-1, но пласманот на Арсенал е големо изненадување. Арсенал, кој во септември играше и квалификации за ЛШ, им требаа дури 14 меча за да дојдат до големото финале, и тоа со неверојатна полуфинална победа од 4-1 на гости против Лион. На првиот меч во Лондон, седумкратниот европски првак Лион победи 2-1, но во реваншот англискиот тим издоминира.
Барселона е актуелен европски првак, ќе игра финале по петти пат во последните шест сезони, а за Арсенал прво финале по 18 години.
Интересно е дека може да се случи и во машката ЛШ во финалето да се сретнат Арсенал и Барселона, но ќе треба во полуфиналињата да бидат подобри од ПСЖ, односно од Интер.