Арсенал и Барселона во трка за ѕвездата на Борусија Дортмунд

Европските гиганти Арсенал и Барселона внимателно ја следат ситуацијата со играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Јулијан Брант, кој на крајот од сезоната ќе го напушти германскиот клуб како слободен агент, пренесува „Скај спорт“.

По седум години минати во дресот на Милионерите, Брант е подготвен за нов предизвик во кариерата и сериозно размислува за преселба надвор од Германија. Како можни дестинации се споменуваат клубови од Шпанија, Италија и Англија.

Во моментов сè уште нема започнато конкретни преговори со некој од заинтересираните клубови, иако неколку европски екипи внимателно го следат развојот на ситуацијата околу искусниот германски фудбалер.

Интересно е што во текот на зимскиот преоден рок Брант добил две понуди од клубови од Премиер лигата, но ги одбил бидејќи сакал да ја заврши сезоната во дресот на Борусија Дортмунд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести