10.8 C
Skopje
сабота, 6 декември 2025

Арсенал и Челзи наддаваат за новото француско чудо, а Лил бара 100 милиони евра

Младиот француски играч од средниот ред, Ајуб Буади, е желба на премиерлигашите Челзи и Арсенал.

Буади привлече внимание на пошироката јавност по блескавата партија во победата на својот Лил, каде што и потекнува, против Реал Мадрид пред една година, од кога е стандарден првотимец.

Според овие информации, Буади е најблиску до договор со Арсенал. Сепак, Англичаните ќе имаат жестока конкуренција, бидејќи 18-годишниот играч на средината го сакаат и Пари Сен Жермен, како и италијанскиот Јувентус.

Според француските медиуми, во Лил не планираат да го пуштат својот бисер за помалку од 100 милиони евра. Тој потпиша нов договор кој го обврзува до 2029 година.

- Оглас -

Најнови вести