Арсенал и Челзи веќе мислат на финалето во Лига Европа

Премиерлигашите Арсенал и Челзи, кои се меѓу најголемите фаворити за трофејот во Лигата на Европа, уште од сега мислат на финалниот меч во Баку, Азербејџан, и од УЕФА побарале да им бидат дадени по 18.000 билети доколку се пласираат во завршниот меч.

Од УЕФА објавија дека на навивачите на двата финалисти ќе им бидат продадени максимум 37.500 билети. Останатите 26.500 ќе останат за локалните љубители на фудбалот, за организаторите, рекламните партнери и телевизиските куќи кои ќе го пренесуваат настанот.

Вечерва, во осминафиналните двобои Челзи ќе се сретне со Динамо Киев, а Арсенал за противник го има Рен.

- Оглас -

Најнови вести