Арсенал и Ливерпул одиграа без победник на „Емирати“ во Лондон. Откако по првото полувреме немаше погодоци, во вториот дел, гостите први се радуваа. Во 61 минута по една акција на Мане, a топката стигна до Џејмс Милнер, а искусниот играч на гостите од околу 12-13 метри биеше силно по земја и ја затресе мрежата на домаќините. За Милнер ова беше јубилеен 50 погодок во Премиер лигата.
Ливерпул ја имаше предноста се до 81 минута, кога „топчиите“ израмнија со голот на Лаказет. Арсенал до крајот не стигна до целосен пресврт и остана седум меча без радост против овој ривал.
Со освоениот бод, Ливерпул се искачи на врвот на табелата со 27 бодови, но има меч повеќе од Манчестер сити, кој утре на свој терен игра против Саутемптон. Арсенал стигна до 23 бодаи остана на четвртото место на табелата.