Арсенал и Ливерпул во трка за ѕвездата на Вулверхемптон

Ѕвездата на Вулверхемптон, Матеус Куња, потврди дека ќе го напушти клубот ова лето. Бразилецот откри дека веќе во јануари имал можност да замине, но решил да остане за да му помогне на тимот во битката за опстанок во Премиерлигата.

Во моментов, Волците се наоѓаат веднаш над зоната за испаѓање со 26 освоени бодови.

„Имав многу понуди во јануари, но немаше да се чувствувам добро ако си заминев. Некои работи се надвор од твоја контрола, но не можев да го напуштам клубот среде сезона, во тешка ситуација. Сега, кога сме блиску до исполнување на целта, јасно ми е дека е време за следниот чекор во кариерата. Сакам да се борам за титули, за големи работи. Имам потенцијал за тоа“, изјави Куња.

За него има интерес од врвните клубови во Премиерлигата, а најзагреани се Ливерпул и Арсенал. Тие по завршувањето на сезоната ќе наддаваат за одличниот напаѓач на Вулверхемптон.

- Оглас -

Најнови вести