Арсенал и Манчестер сити одиграа реми, 1-1, во големото премиерлигашко дерби, а најзадоволни од исходот сигурно дека се на „Енфилд роуд“.
Иако лесно можеше да се случи „топчиите“ да бидат поразени, сепак и ремито значи дека Ливерпул ја зголеми предноста, а таа е пет бода по само пет првенствени кола.
Манчестер сити многу рано, уште во деветтата минута дојде во водство од 0-1 преку Ерлинг Халанд.
Сепак, кога сите мислеа дека „граѓаните“ со целиот плен ќе го напуштат Лондон, така не мислеше Габриел Мартинели, кој со гол во 93-тата минута ги постави конечните 1-1.
Манчестер сити по пет кола е на деветтата позиција со седум поени.