Арсенал и Манчестер сити под притисок, не смеат да киксираат

1106 Астон вила – Челзи (20.30 часот)

Астон вила го пречекува Челзи во дерби во кое двата тима влегуваат без победа во претходните две кола. Вила има само една победа во последните пет кола, а моментно е четврта на табелата со шест бода повеќе од Сините, кои се шести. Челзи е поефикасен тим, но одбраната е малку подобра на тимот од Бирмингам. Педро Нето беше исклучен во минатото коло и ќе го нема кај Челзи. Непосредно пред Нова година, Вила во Лондон го победи Челзи со 2-1. Сините последен пат во премиерлигашки меч на „Вила парк“ победиле во 2022 година.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.23)

 

1107 Брајтон – Арсенал (20.30 часот)

Морските галеби имаат две победи по ред, па полни со самодоверба ќе влезат во битка со лидерот на табелата. Арсенал е тим со најмалку примени голови во Премиер лигата, победата им е потребна за да станат први. Брајтон е незгоден домаќин, на свој терен има само два пораза. Кон крајот на декември во Лондон беше 2-1 за Топчиите. Последниот пораз на Арсенал беше во јануари, а нивниот последен пораз во Брајтон беше во 2020 година.

Предлог тип: 2 & 1+ второ (1.94)

 

1117 Манчестер сити – Нотингам ф. (20.30 часот)

Манчестер сити мора да го добие овој меч ако сака да продолжи да прави притисок врз лидерот Арсенал во трката за титулата. Граѓаните имаат четири победи по ред, тие заедно со Арсенал се и најопасни домаќини во лигата, имаат дадено 34 гола на 14 меча на свој терен. Шумарите губеа на последните две гостувања, Форест не победил на гости кај Манчестер сити уште од 1997 година, кога двата тима беа во Чемпионшип. Сити во последните два месеца, а на сите домашни мечеви даваше барем по два гола.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.22)

 

1324 Р. Сосиедад – А. Билбао (21.00 часот)

Тимот од Сан Себастијан победи со 1-0 на првиот меч и поблиску е до финалето на шпанскиот куп. Билбао не смее да биде отпишан. Во двата тима ќе фали по едно ѕвездено крило, Кубо кај домашните и Нико Вилијамс кај гостите. Во ноември, кога овие два тима се сретнаа во лигашки меч во Сан Себастијан, Сосиедад победи со 3-2. Атлетик Билбао девет години не славел кај баскискиот ривал, па ќе треба да се надмине ако сака финале.

Предлог тип: & 0-3 (1.75)

 

1122 Њукасл – Манчестер ј. (21.15 часот)

Црвените ѓаволи периодов делуваат незапирливо (освоија 13 бодови во последните пет кола) и итаат кон место во Лигата на шампионите, додека Чавките се во криза, имаат четири порази во последните пет кола. Њукасл дома има три порази по ред, а Јунајтед е тим кој на гости често ремизира. Њукасл го победи Манчестер со 4-1 на нивниот последен дуел на „Сент Џејмс парк“, но сега гостите се во подобра форма и ќе се обидат по вторпат сезонава да го победат Њукасл откако тоа го сторија и на Боксинг деј. Од 2022 не било нерешено во нивните меѓусебни дуели.

Предлог тип: ГГ & 2> (2.85)

- Оглас -

Најнови вести