Арсенал успеа да го врати Дани Себалјос од Реал Мадирд на позајмица за сезоната 2020/21. Шпанскиот играч за врска ќе помине уште една година на „Емирати“, потврди Кралскиот клуб.
По желба на менаџерот Артета, Топчиите повторно го ангажираа ексиграчот на Реал Бетис кој минатата сезона беше дел од тимот на Арсенал кој го освои ФА купот.
Себалјос запиша вкупно 37 настапи во сите натпреварувања за Арсенал мината сезона, во кои запиша два гола и исто толку асистенции
https://twitter.com/Arsenal/status/1301989955888177152