Арсенал има сигурно водство од 2:0 против Бодо/Глимт по првото полувреме во вечерните натпревари од третото коло во Лигата на Европа.
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, одлучи на оваа средба да настапи со резервниот тим, само тројца првотимци играат вечерва, но и со вториот состав има сигурно водство. Нкетија во 23-тата минута го отвори резултатот, а пет минути подоцна Холдинг зголеми на 2:0.
Во македонската пресметка, Фенербахче има водство од 1:0 по првите 45 минути против АЕК Ларнака. Миши Батшуаји во 26-тата минута му донесе водство на Фенербахче, за кого од првата минута игра македонскиот репрезентација Езѓан Алиоски. Иван Тричковски се наоѓа на клупата за резервни играчи.
Феенорд како гостин води со 0:2 против Митјиланд, а Динамо Киев има водство од 0:1 кај Рен. Рома и Бетис по првиот дел одиграат 1:1.