31.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Арсенал и Спортинг се договориле, Ѓокереш доаѓа во Лондон да потпише петгодишен договор

Сагата околу трансферот на Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон во Арсенал полека добива разрешница. Ова е така, ако се верува на пишувањата на експертот за фудбалски трансфери Фабрицио Романо.

Познатиот новинар тврди дека Арсенал, Спортинг и фудбалерот постигнале устен договор за комплетирање на овој трансфер. Најавите се дека Спортинг ја прифатил понудата за трансфер вреден 63,5 милиони евра плус 10 милиони.

Веќе неколку недели голгетерот најавуваше дека единствено Арсенал го гледа како негов клуб за следната сезона. Швеѓанецот со Топчиите ќе потпише петгодишен договор.

- Оглас -

Најнови вести