4.8 C
Skopje
недела, 1 март 2026

Арсенал игра за „петка“ против Челзи

1730 Арсенал – Челзи (17.30 часот)

Арсенал има само два бода предност пред Манчестер сити, а денеска Арсенал може да оди на побезбедни плус пет, додуша ќе има и еден меч повеќе од Сити. Ова е дуел на двата најсилни лондонски тима, Челзи си има свои математики, брка место во ЛШ и домашните ќе треба добро да се потрудат ако сакаат победа. Кај Сините ќе ги нема Кукурелја и Фофана. Топчиите имаат перфектен скор дома против Челзи во последните четири дуели, одат по „петка“. Нерешено на „Емирејтс“ не било од 2018, а есеноска на „Стемфорд бриџ“ беше 1-1.

Предлог тип: & 1-3 (1.94)

 

1439 Бетис – Севилја (18.30 часот)

Лутото градско дерби во Севилја се игра на „Ла Картуха“ што на некој начин е неутрален терен, но секако трибините ќе бидат исполнети со фанови на Бетис кој е домаќин. Бетис има 13 бодови повеќе од Севилја и се бори за излез во Европа. Севилја има три, а Бетис четири кола по ред без пораз. Кај Бетис ќе фалат неколку добри играчи како Иско, Амрабат, Ло Селсо, но мотивите се клучот на вакви дербија. Бетис во ноември славаше како гостин против Севила со 2-0, традицијата најавува меч со 2-3 гола.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.75)

 

2871 Хамбургер – Лајпциг (19.30 часот)

Хамбургер има помалку победи отколку ремија или победи, и негативна гол-разлика, но шест кола по ред нема пораз, собира бодови кои му помагаат да побегне од опасната зона на табелата. Лајпциг се бори за место во Лигата на шампионите, и важи за благ фаворит против тимот кој во последно време често игра нерешено. Во октомври во Лајпциг беше 2-1 за Црвените бикови, а тимот од источна Германија победи и во 2017 година кога последен пат гостуваше на „Фолкспаркстадион“.

Предлог тип: Х2 & 3+ (2.22)

 

2852 Марсеј – Лион (20.45 часот)

Марсеј е четврти и има пет бодови помалку од Лион кој е трети на табелата. Марсеј повеќе од еден месец нема победа во француската лига. Тие се втор најефикасен тим во лигата, но одбраната е проблем и затоа се далеку од трка за титулата. Лион од 2022 нема победа на „Велодром“, а во првиот дел од сезонава, во август, Лион како домаќин победи со 1-0. Сега Лион е појак за Ендрик, но Марсеј е опасен домаќин и фаворит за победа.

Предлог тип: 1 (2.02)

 

3644 Рома – Јувентус (20.45 часот)

Јуве има два порази по ред, но испадна од ЛШ и сега ќе се фокусира само на Серија А, иако психички нема да им е лесно да се вратат по шокот против Галатасарај. Рома има само два нерешени резултати во оваа сезона, но двете ремија беа во последните пет кола. Јувентус последен пат во Серија А победи во првиот ден од февруари, можеби ќе им се посреќи и во првиот ден од март. Рома има четири бодови повеќе од Старата дама кај која ќе ги нема Локатели и Влаховиќ. Рома три години го нема победено Јуве, нивните дуели обично заврпуваат нерепено или со победа од еден гол разлика.

Предлог тип: 12 & 0-3 (1.73)

- Оглас -

Најнови вести