Англискиот премиерлигаш Арсенал постигна договор за личните услови со дефанзивецот на Баер Леверкузен, Пјерo Хинкапи (23). Еквадорецот, кој може да игра и како централен стопер и како лев бек, е главна цел на Топчиите пред крајот на преодниот рок.
Баер Леверкузен во договорот има вклучено клаузула за откуп вредна околу 60 милиони евра, но Арсенал не планира да плати толку висока сума. Наместо тоа разгледува опција за почетна позајмица со задолжителен откуп.
Хинкапи е дел од Баер Леверкузен од 2021 година, со 166 настапи, седум гола и три освоени трофеи, а во 2024 ја освои и титулата во Бундеслигата.