Арсенал уште една сезона не успеа да дојде до трофејот во Премиер лигата, па раководството на клубот сака да доведе засилувања со кои ќе може да им конкурираат на Ливерпул и Манчестер сити во борбата за титулата.
Приоритет е офанзивата, но се чини дека нема да има ништо од трансферите на Шешко и Ѓекереш, но „топчиите“ имаат план Б. Опција за нападот на Арсенал е фудбалерот на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми.
Нигериецот кој настапува за Германија во моментов вреди 45 милиони евра, а има договор со „милионерите“ до 2027 година. Оваа сума нема да претставува проблем за раководството на „топчиите“ за фудбалерот кој минатата сезона на 39 натпревари успеа да постигне 12 гола и да забележи девет асистенции.