37.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Арсенал има само еден пораз во последни 11 меча, а сега да не загуби коефициентот е 2.40

Арсенал одлично ја започна сезоната. Топчиите се радуваа на трофејот во Комјунити шилд откако на пенали го победија шампионот Ливерпул, а добрите игри ги продолжија со победите над лондонските ривали КПР, Фулам и Вест хем. Арсенал го победи и Лестер на гости со 2:0, а го елиминираше Ливерпул и во Лига купот. Единствено загуби од Ливерпул во првенството со 3:1, а денеска ги чека нов голем предизвик на гостински терен.

Тимот на Микел Артета ќе гостува во Манчестер на Сити. Во последниот меч на свој терен, Граѓаните беа шокирани со 2:5 од Лестер, а претходно едвај славеа над Борнмут. Домаќините на овој меч ќе бидат без најдобриот играч во Премиер лигата за минатата сезона, Кевин де Брујне. Токму тоа може да биде проблем за Сити, затоа што на пет од последните шест средби кога не постигнале гол, Де Брујн не бил во стартниот тим.

Арсенал ја доби последната пресмета против Сити со 2:0, но интересно е што претходно Граѓаните доминираа со седум триумфи во низа. Три и пол години немало нерешен резултат кога играле меѓусебе.

Според коефициентите во обложувалниците, Сити денеска е голем фаворит за победа, но тоа може да биде шанса за сите оние кои веруваат и навиваат за Арсенал. Во Sport Life двојна шанса (Х2), односно Арсенал да не загуби е со коефициент 2.40, нешто што е реткост за екипа во форма како лондонскиот тим.

 

 

- Оглас -

Најнови вести