Арсенал испиша историја, стана прв тим со 100 победи против некој ривал од Премиер лигата!

Со победата на Арсенал над Евертон од 4-0 синоќа во нивниот меч од Премиер лигата, Топчиите од Лондон испишаа историја во елитниот англиски клупски фудбал.

Арсенал стана првиот клуб кој извојувал 100 победи против еден ист противник во елитната дивизија. Арсенал и Евертон меѓу себе имаат одиграно 204 првенствени натпревари, а од нив дури 100 има добиено тимот од Лондон.

Откако англиската прва лига се вика Премиер лига, а тоа е од 1992 наваму, Арсенал има 36 победи на 62 меѓусебни дуела против Карамелите.

- Оглас -

Најнови вести