Арсенал киксираше против најслабиот тим во Премиер лигата, откако на гостувањето кај Вулверхемптон на „Молинју“ испушти предност од 0-2 и одигра само 2-2.
Тимот на Микел Артета отвори одлично, Букајо Сака погоди уште во петтата минута, а на стартот од второто полувреме Пјеро Хинкапи ја зголеми предноста на 0-2. Наместо да го докрајчат ривалот, Топчиите се повлекоа и му дозволија на домаќинот да се врати во игра.
Само пет минути по вториот гол на Арсенал, Буено намали на 1-2 и го врати Вулверхемптон во мечот. Артета реагираше со измени, но казната стигна во судиското продолжение, кога Рикардо Калафиори несреќно си постигна автогол во обид да расчисти од самата гол-линија за конечни 2-2.
Арсенал и понатаму е лидер, но во последните шест кола има само две победи. Во моментов има пет бода предност пред Манчестер сити, кој има и натпревар помалку.

