Арсенал изненади, купи уште еден стопер за 20 милиони евра

Лидерот во Англија, Арсенал, изненади со трансферот на Јакуб Кивиор од Специја за сума од 20 милиои евра.

Преселбата е веќе договорена, 22-годишниот Полјак треба само да ги мине стандардните медицински прегледи и потоа да потпише петгодишен договор со Топчиите.

Кивиор е стопер, позиција што во Арсенал е одлично покриена со неколку квалитетни играчи, па трансферот е мало изненадување, иако адут на Полјакот е што е млад.

Кивиор има 9 настапи за Полска, а потекнува од младинската школа на белгискиот Андерлехт, која има одлично реноме и е позната по производство на топ-фудбалери.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести