Арсенал ја оствари 12-тата победа во Премиер лигата оваа сезона совладувајќи го Тотенхем на домашен терен со 2-1. Со овој триумф Топчиите сега имаат 43 бода, четири помалку од лидерот Ливерпул, кој има и еден одигран натпревар помалку.
Хеунг-мин Сон го доведе Тотенхем во водство во 25-тата минута, но автоголот на Соланке му донесе израмнување на Арсенал во 40-тата минута.
Само четири минути подоцна Тросар донесе пресврт, а на крајот тоа беше доволно и за триумф против Тотенхем.
Њукасл го победи Вулверхемптон со 3-0, а двоен стрелец беше Александер Исак. Погоди и Гордон.
Астон вила победи на гости (0-1) против Евертон, а Кристал палас славеше со 0-2 против Лестер.