Арсенал ја имаше најголемата среќа, Ливерпул ќе треба да се намачи

Ливерпул на „Енфилд роуд“ ќе игра против Лестер, во најинтересниот четвртфинален меч од Лига Карабао купот на Англија, одлучи, денешната ждрепка. Вест хем кој го елиминираше Манчестер сити ќе гостува на Тотенхем во едно од двете лондонски дерби дуели.

Чеканите направија вистински подвиг со елиминацијата на Сити, ако се знае дека Граѓаните во последните четири години доминираа и секогаш го освојуваа овој трофеј.

Во второто лондонско дерби, новиот Премиерлигаш Брантфорд ќе биде домаќин на Челзи. Од сите четвртфиналисти, Арсенал ја доби најлесната задача. Топчиите за пласман во полуфиналето, на својот „Емиратс“ ќе игра против третолигашот Сандерленд.

 

- Оглас -

Најнови вести