Арсенал како по обичај се лизна во незгоден момент – Топчиите ќе ја сонуваат Лигата на шампионите

Арсенал го загуби клучниот меч за настап во Лигата на шампионите и вечерва со пораз од 2:0 против Њукасл на гостински терен ги израдува навивачите на најголемиот ривал Тотенхем.

Топчиите одиграа блед меч, кој им беше најважен во сезоната, бидејќи со победа на „Сент Џејмс парк“ ќе беа фаворити за настап во ЛШ на едно коло до крајот на Премиерлигата.

Со автоголот на Бен Вајт во 55. минута и со погодокот на Бруно Гимараес во 85. минута Њукасл го изненади фаворитот и верјатно го остави без учество во ЛШ.

Арсенал падна на петтата позиција со 66 бода на едно коло до крајот, а на посакуваното четврто место е Тотенхем, кој има два бода повеќе и многу подобра гол-разлика,паму одговара и реми на гостувањето кај испаднатиот Норич за да игра во ЛШ.

На Арсенал сега му треба подвиг на Канаринците и тие да го победат Тотенхем, а Топчиите да слават против Евертон на свој терен за да играат во ЛШ, што изгледа невозможна мисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести