Арсенал ќе биде многу ефикасен, голови ќе има и на „Камп Ноу“, Манчестер да покаже дека не е „умрен“

Арсенал – Борнмут (15 ч.)

Арсенал е во добра форма и има четири победи во последните пет средби. Тоа што е уште поважно за Топчиите е нивната ефикасност. На последните седум мечеви, постигнаа 20 голови, што е речиси три погодоци во просек. Борнмут добро ја стартуваше сезоната и на гости има две победи од три дуели.

Сепак, кога е на мегдан против Арсенал, Борнмут е во улога на аутсајдер и загубил шест пати во осум средби. Топчиите секогаш се давале голови на овој ривал, а четири пати погодувале барем по три пати за 90 минути. Така се очекува да биде и сега.

Предлог тип: Т1 1+&T1 3+ (2.55) – квота на денот во Sport Life

 

Торино – Наполи (18 ч.)

Шесте победи на Наполи и двете нерешени во последните осум меѓусебни средби, го прави гостинот да биде голем фаворит за победа. Со 15 дадени и 10 примени гола во шест средби сезонава, Наполи е екипата на чии мечеви има најмногу погодоци.

И Торино има двоцифрен број на дадени и примени голови, па ефикасноста не треба да изостане, но сепак предноста е на страна на гостите.

Предлог тип: Х2&3+ (2.30) – квота на денот во Sport Life

 

Барселона – Севилја (21 ч.)

Ако некој дуел треба да биде „фестивал на голови“, тоа е овој. Покрај тоа што офанзивната игра е карактеристика на двата тима, традицијата само потврдува дека на „Камп Ноу“ треба повеќе пати да се тресат мрежите. Неверојатно делува дека на 19 од последните 22 средби на овие екипи имало барем по три гола, од кои дури 16 дуели биле гол-гол ситуација.

Барселона влезе во серија од три победи, но гостите секогаш имаат инспирација за настап на најголемиот стадион во Европа.

Предлог тип: Т1 2+&ГГ (2.25) – квота на денот во Sport Life

 

Њукасл – Манчестер ј (17:30 ч.)

Со само девет бода во првите 7 меча, Манчестер го има најлошиот старт во последните 20-тина години. Фактот дека играат на гости Црвените ѓаволи не може да ги прави фаворити, ако се знае дека немаат ниту една победа на последните 10 меча надвор од „Олд Трафорд“.

Њукасл е една од ретките екипи која е „поумрена“ од Манчестер, па тоа може да биде шансата за гостите. Кога на гости ти доаѓа најтрофејниот клуб во Англија, а е во очајна форма, сигурно ќе биде мотив плус за Њукасл да изненади.

Предлог тип: 1-3I & 1-3 II (2.00)

 

Сент Етјен – Лион (21 ч.)

Ова е Ла Дерби во Франција. Прв пат играле во 1951 година, а фактот дека се на само 50-тина километри одалечени направило да се создаде големо ривалство. Сент Етјен заедно со Олимпик Марсеј со по 10 титули се најтрофејни клубови во Франција, но дека не се живее од минатото покажува моментната табела. Сент Етјен е последен, на 20 место со осум бода.

Лион е на 13-тата позиција, но има само еден бод повеќе од Сент Етјен. Олимпик Победи на последните две гостувања кај големиот ривал, а и сега е во улога на благ фаворит.

Предлог тип: Х2&2-4 (2.04)

 

- Оглас -

Најнови вести