1702 Монако – Лион (17.00 часот)
Монако е дури деветти на табелата, имаше четири порази во претходните пет кола и паузата добро им дојде за во новата година да влезат свежи и мотивирани. Но, на гости на Кнезовите им доаѓа Лион кој има четири бодови повеќе. Лион го засили нападот со Ендрик од Реал Мадрид, но Бразилецот нема да биде во составот и во француската лига ќе дебитира на некој нареден меч. Монако е тим кој дал повеќе голови од Лион, но има и многу повеќе примени голови. Ова се два тима кои ретко играат нерешено, а и во меѓусебните дуели одамна не било „икс“.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.70)
5601 Сенегал – Судан (17.00 часот)
Репрезентацијата на Сенегал е огромен фаворит воо овој дуел од осминафиналето на Африканскиот куп на нации. Суданците одвај се пробија во нокаут фазата, беа трети во својата група. Судан има постигнато само еден гол на три меча, но тој гол им донесе победа и тие три бода ги однесоа меѓу 16-те најдобри на Црниот континент. Сенегал постигна 7 голови, имаат силен напад со играчи како Николас Џексон, Садио Мане, Шериф Ндиаје, Исмаила Сар, Ибрахим Мбаје…
Предлог тип: 1-1 & 2-5 (1.90)
1004 Борнмут – Арсенал (18.30 часот)
Борнмут дома има само еден пораз сезонава, па ова нема да биде лесен меч за гостите од Лондон кои се први на табелата и ќе останат таму и после овој дуел. Црешите одамна не победиле, а тоа е тим кој во претходните пет кола дури четири пати одигра нерешено. Ниеден тим во Премиер лигата нема повеќе ремија од Борнмут. Арсенал загуби со 0-2 на своето последно гостување во Борнмут во есента 2024, а Топчиите во мај годинава претрпеа пораз и дома. Тие го паметат тоа, сега ако сакаат титула, не смеат да го повторат неуспехот.
Предлог тип: 2-2 & 2+ (2.50)
3622 Аталанта – Рома (20.45 часот)
Во досегашните 17 кола во Серија А, Рома нема ниеден нерешен резултат, додека Аталанта има дури седум ремија, но ниедно во последните осум кола. Волчицата има 11 бодови повеќе од Божицата, Рома е на само три бода под лидерот Интер. Традицијата на нивните меѓусебни дуели играни во Бергамо, најавува меч со голови на двете страни, последните седум дуели им беа со „Гол-Гол и 3+“. Рома од 2022 нема победа над Аталанта, а во Бергамо, римјаните не славеле од декември 2021 година.
Предлог тип: 12 & 0-3 (1.75)
1305 Еспањол – Барселона (21.00 часот)
Ќе биде напнато на ова градско дерби, најмногу поради присуството на „голманот предавник“ Жоан Гарсија кој летоска од Еспањол се пресели во Барса. Квалитетот е на страна на гостите, а и двата тима имаа големи победнички серии на крајот на 2025 година. Еспањол е петти на табелата и има помалку примени голови од Барса која во просек постигнува околу три гола на меч. Еспањол дури 19 години нема лигашка победа како домаќин против Барселона, на стадионот „Корнелја Ел Прат“ на кој играат од 2009, никогаш не победиле против градскиот ривал.
Предлог тип: 2 & ГГ (2.70)

