1010 Фулам – Арсенал (15 ч.)
Лондонски дуел кој многу повеќе им значи на гостите. Арсенал има само една победа во последните четири кола и поради тие лоши резултати, Топчиите го загубија првото место на табелата, но со освојување на три бода на „Кревин Котиџ“ ќе ја завршат годината како лидери во Премиер лигата.
Фулам има лоша одбрана, а и традицијата меѓу овие два тима, покажува дека треба да има голови. На шест од последните седум меча имало барем три погодоци.
Предлог тип: 2 &3+ (2.35)
1152 Тотенхем – Борнмут (15 ч.)
Тотенхем за противник го има тимот кој е во најдобра форма во последниве два месеци во Англија. Борнмут е со шест победи и само едно реми во последните седум кола, па гостите сигурно ќе сакаат оваа низа да продолжи.
Традицијата е на страна на лондонскиот тим, па Тотенхем има седум победи во последните 10 меѓусебни дуели.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.76)
1078 Таунтон – Јеовил (16 ч.)
Убедливо најдобра екипа е Јеовил во ниската лига во Англија. Јеовил има 53 бодови од 24 кола, што е дури 10 бодови повеќе од второпласираниот на табелата. Таунтон освои само 29 бода од 21 средби и за домаќините ќе биде успех ако остане непоразен. Јеовил во просек дава по два гола, но и прима еден погодок по меч, што само е најава за интересен дуел.
Предлог тип: ГГ3+ (2.14)
1936 Хапоел Тел Авив – Макаби Хаифа (19:30 ч.)
Неверојатно делува фактот дека Макаби Хаифа има 10 победи по ред во дуелите со Хапоел Тел Авив, без разлика на чиј терен се играло. Макаби и сега е во одлична форма и има пет победи во низа, додека Хапоел Тел Авив игра солидно, но сепак на овој дуел не е во улога на фаворит.
Предлог тип: Х2&0-2 (2.17)
1934 Беитар Ерусалим – Макаби Петах Тиква (18:45 ч.)
Две екипи кои се во долниот дел од табелата во првенството на Израел. Макаби ПХ имаше четири порази по ред, но во последното коло успеа да слави, Беитар лошо стартуваше, но сега е во добра низа и во последните шест кола има две победи, три реми и само еден пораз.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.50)