Арсенал и Вест хем се договорија околу обесштетувањето за играчот од средниот ред Деклајн Рајс. Тоа ќе изнесува 116 милиони евра, плус дополнителни 6 милиони евра во бонуси.
Сепак, интересно е тоа што Арсенал овие пари ќе му ги исплаќа на Вест хем во следните две години на рати. Ваков договор постигнаа раководствата на двете екипи од Лондон, а сега останува уште официјалната презентација на фудбалерот.
Рајс во Вест хем е од 2011 година, кога пристигна од младинците на Челзи и оттогаш одигра 245 натпревари за првата екипа на Чеканите,, на кои постигна 15 гола.