Арсенал ќе го запре победничкиот налет на Ливерпул

1002 Арсенал – Ливерпул (Премиер лига, Англија, 21:15 часот)

Тимот од „Енфилд“ е во неверојатна форма и по неколкуте кикса на Манчестер сити, се доближи до лидерот и ја направи борбата за титулата неизвесна.

Но, нешто слично може да се каже и за Арсенал, кој по катастрофалниот почеток на сезоната игра сè подобро и на последните пет натпревари во Премиер лигата има исто толку победи.

„Топчиите“ се на четвртото место и имаат еден бод повеќе од Манчестер јунајтед, но дури и три натпревари помалку, од кои доколку остварат позитивни резултати, со голема сигурност ќе ги гледаме наредната сезона во Лигата на шампионите.

Предлог тип: 1Х&2-5 (2.65)

 

6003 Јувентус – Вилјареал (Лига на шампиони, 21:00 часот)

Голови со сигурност нема да има во изобилие на овој натпревар, а прашање ќе биде кој ќе се радува на пласманот понатаму.

Резултатот по првата средба е 1:1 и ветува голема неизвесност, борба, а голема е веројатноста дека ќе гледаме и продолженија, со оглед на тоа дека не важи правилото гол во гости.

Сепак, веруваме дека Јувентус нема да дозволи изненадување на домашен терен и дека нема да загуби, а и дека нема да видиме повеќе од три погодоци на средбата.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.66)

 

1801 Мајнц – Борусија Дортмунд (Бундеслига, 18:30 часот)

Борусија има седум бода помалку од лидерот Баерн Минхен, но и натпревар помалку, овој вечерашниот против Мајнц.

Доколку Милионерите победат, тогаш на четири бода разлика сè е можно. И покрај тоа што имаат десетмина повредени фудбалери, меѓу кои Матс Хумелс и Марко Ројс, во стартната постава ќе биде одличниот Ерлинг Халанд, што е и повеќе од доволна најава дека ќе гледаме ново гол-шоу.

Предлог тип: 2&T22+ (2.30)

 

6004 Лил – Челзи (Лига на шампиони, 21:00 часот)

И покрај сите проблеми со коишто се соочува Челзи, пласманот во наредната фаза не би требало да биде доведен во прашање.

Тимот од Лондон има предност од 2:0 по првата средба, па во Франција ќе дојде по лесна заверка во четврт-финалето.

Лил пред своите навивачи нема да се откаже, но јасна е разликата во класите меѓу овие два тима, иако голема е веројатноста дека Челзи ќе игра „побезбедно“ со цел да не се истрошат премногу фудбалерите пред завршницата во Премиер лигата.

Предлог тип: X прво полувреме (2.14)

 

1001 Брајтон – Тотенхем (Премиер лига, Англија, 20:30 часот)

Ова е еден од натпреварите да се биде или не за Тотенхем, кој доколку не победи, ги губи речиси сите шанси за пласман во Лигата на шампионите.

Тимот на Антонио Конте одигра добар натпревар против Манчестер јунајтед, но беше поразен од феноменалниот Кристијано Роналдо. Нападот предводен од Хари Кејн, Сон Хеунг-мин и Дејан Кулушевски, кој „крена“ прашина низ македонската јавност, е подготвен да има добар настап и да даде два гола во мрежата на Брајтон.

Предлог тип: Т22+ (2.30)

- Оглас -

Најнови вести