Арсенал ќе го засилува нападот, Ѓокереш и Лукман се желбите на Артета

Арсенал ќе се обиде да го доведе голгетерот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш, во летниот преоден рок. Новиот спортски директор на Топчиите, Андреа Берта, сака да го донесе шведскиот репрезентативец на „Емирати“.

Лондонскиот клуб покажува интерес и за напаѓачот на Њукасл, Александар Исак, но неговата цена е многу висока.

Ѓокереш постигнал договор со раководството на Спортинг дека може да си замине летово за сума од околу 60 милиони евра.

Манчестер јунајтед, Челси и Реал Мадрид исто така се во трка за потписот на шведскиот напаѓач. Засега, тој нема постигнат договор со ниту еден клуб и неговата иднина останува отворена.

Оваа сезона, Виктор Ѓокереш има постигнато 52 голови на 48 натпревари за Спортинг Лисабон.

Покрај Ѓокереш, Арсенал е заинтересиран и за Адемола Лукман, крилниот напаѓач на Аталанта. Тој имаше уште две години од актуелниот договор со италијанскиот клуб, а и за него има заинтересираност од големите европски клубови, Челзи, ПСЖ, Барселона, Ливерпул…

- Оглас -

Најнови вести