Арсенал – Манчестер јунајтед (20:55 ч.)
Најстарото клупско натпреварување во светот, англискиот ФА куп, вечерва носи едно големо дерби. Арсенал го пречекува Манчестер јунајтед во 1/16-финалето. Ждрепката беше немилосрдна за големите ривали, а „топчиите“ имаа малку повеќе среќа бидејќи ќе играат на свој терен.
Ова ќе биде втор голем предизвик за Манчестер откако на клупата е дојден Оле Гунар Солскјер. Со Норвежанецот на чело, Манчестер нареди седум победи, меѓу кои е и триумфот на гости кај Тотенхем. Сега повторно е на мегдан во Лондон, но на дерби против Арсенал.
Низ историјата, овие два тима имаат одиграно 229 меча, а Манчестер е подобар и има 96 победи, Арсенал се радувал на 82 средби, а 51 меч завршил нерешено. Ако и вечерва е нерешено, ќе има повторен меч, но тоа ќе биде на „Олд Трафорд“. Двете екипи се напаѓачки настроени, а тоа го покажуваат и резултатите на нивните последни три меча (2-2 и победи на Манчестер од 2-1 и 3-1).
Овие два клуба се и најтрофејни во ФА купот. Арсенал е рекордер со 13 трофеи, а Манчестер има освоено 12. Ниту еден друг клуб нема двоцифрен број трофеи во ова натпреварување.
Предлог тип: ГГ&4+ (2.80) – квота на денот во Sport Life
Херта – Шалке (20:30 ч.)
Херта на домашен терен сезонава има само еден пораз во осум меча и ја има фаворитската улога, иако Шалке знае да биде незгоден ривал. Традицијата вели дека осум од последните 11 меча завршиле или 2-0 или 0-2, но фактот дека сезонава двете екипи имаат слаба одбрана, најавува рушење на оваа традиција да нема голови.
Предлог тип: 1+I&3+ (2.45) – квота на денот во Sport Life
Олимпик Марсеј – Лил (20:45 ч.)
Дербито во Франција се игра во Марсеј. Домаќините ја имаат фаворитската улога, но Лил покажа дека сезонава има многу квалитетен состав, па затоа на табелата е веднаш зад лидерот ПСЖ. Во минатото коло, Олимпик прекина една многу лоша низа од девет меча без победа и најави излегување од кризата.
Лил има четири победи во низа и со голема самодоверба го очекува денешниот меч. Кога се работи за меѓусебните дуели, Лил има само една победа во последните 10 меча со Олимпик, па затоа и сега тимот од Марсеј е фаворит.
Предлог тип: 1Х&2-4 (2.25) – квота на денот во Sport Life
Бристол сити – Болтон (20:45 ч.)
Освен дербито меѓу Арсенал и Манчестер јунајтед, вечерва има и една второлигашка пресметка во ФА купот. Бристол е голем фаворит, не само поради фактот дека игра на домашен терен, туку и поради формата во која се наоѓа, но и по изгледот на табелата во Шампионат лигата.
Бристол е во низа од пет победи по ред, а тимот нема пораз веќе 11 меча, односно од 24-ти ноември. Сосема е поинаква ситуацијата со Болтон. Тимот кој некогаш беше дел од Премиер лигата, сега се бори за опстанок во Шампионат лигата.
Интересно е што овие два тима играа точно пред две недели, а Бристол пред своите навивачи победи со 2-1. И сега најочекувано е сличен епилог.
Предлог тип: 1&3+ (2.50)
Дордрехт – Јонг ПСВ (20 ч.)
Кога игра вториот тим на ПСВ, едноставно како да се загарантирани погодоците. Во 21 меч досега имаат дадено 48, а примиле 38 погодоци, што е неверојатен просек од 4 погодоци на меч. Овој тим на ПСВ како да е без одбрана и да мисли само на напад.
Дордрехт е тим кој се бори да се спаси од испаѓање, но досега има само три победи и дури 13 порази. Домаќините ја имаат втората најслаба одбрана во лигата и затоа се очекува голеада.
Предлог тип: 5+ (3.85)