Арсенал ќе ја урива лошата традиција против Кристал палас

1010 Арсенал – Кристал палас (Премиер лига Англија, 21:00 часот)

По катастрофалниот почеток на сезоната, екипата на Арсенал конечно заигра во добра форма и на последните четири средби има три победи и еден нерешен резултат.

Топчиите ќе сакаат да го искористат моментумот и да го победат вечерва Кристал палас, а со тоа и да се искачат некоја позиција погоре на табелата.

Иако традицијата вели дека Арсенал на последните три средби на стадионот „Емирејтс“ не се радувал на победа, но во два наврати овие екипи  одиграле нерешено (0:0, 2:2).

Предлог тип: 1 и Т12+ (2.06)

 

3010 Венеција – Фиорентина (Серија А Италија, 20:45 часот)

Венеција по долги години е повратник во најсилната лига во Италија, но како што стојат работите, тешка ќе биде борбата за опстанокот.

По седум одиграни натпревари, тие се на претпоследното место, додека, пак, Фиорентина со 12 бодови е под позицијата број осум.

Домаќинот пред своите навивачи игра атрактивен и напаѓачки фудбал и во неколку наврати несреќно остана без бодови.

Фиорентина, предводена од одличниот Душан Влаховиќ, секогаш игра на гол повеќе, а така ќе биде и вечерва.

Предлог тип: 3+ (1.88)

 

4793 Гуабира – Насионал Потоси (Дивизија 1 Боливија, 21:00 часот)

Домаќините на оваа средба, во последните четири меча постигнаа 15 погодоци, додека, пак, топката од својот гол ја имаат вадено само во два наврати.

Насионал Потоси исто така знае да одигра натпревари со доста голови на гости, па затоа и на овој меч очекуваме да одиграат ефикасно.

Во меч кој се одигра во рамките на квалификациите за Копа Либертадорес, овие две екипи во март одиграа 4:1 во корист на Гуабира.

Предлог тип: 3+ (1.58)

 

2608 Хакен – Норкопинг (Алсвенскан Шведска, 19:00 часот)

По речиси една третина одиграни натпревари во најсилната лига на Шведска, овие две екипи ги делат само три бода. Хакен е на шестото место со 13, додека Норкопинг е петти со 16 бодови.

На последните пет дуели, овие екипи дури трипати го одиграле популарниот „ГГ3+“, а дури четири од нив им припаднале на вечерашните гости.

Во секој случај, денешниот дуел ќе претставува нова шанса да си ги испробаат голгетерските способности.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.97)

 

3175 Целје – Браво (Прва лига Словенија, 17:00 часот)

Ако на средбата Арсенал -Кристал палас очекуваме дека ќе биде прекината традицијата, тогаш на овој дуел се надеваме дека таа ќе биде продолжена.

И покрај тоа што Целје има неубедлив старт во Првата лига на Словенија, редовно му дава на Браво два погодоци, а интересно е и што гостите во четири од последните пет наврати на истиот терен исто така биле ефикасни.

Изобилство на голови е тоа што можеме да го очекуваме, иако Браво има примено само пет погодоци во досегашниот тек од сезоната. Целје, кој важи за еден од најдобрите тимови во Словенија, мора да брка победа за да се искачи во горниот дел од табелата, каде што и припаѓа според моменталниот квалитет.

Предлог тип: Т12+ (2.18)

 

- Оглас -

Најнови вести