Арсенал веќе обезбеди пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите, во Премиер лигата е лидери а во недела ќе игра во финалето од Лига купот на Англија. Сепак, Топчиите планираат да се засилуваат налето, а според британските медиуми, се подготвува трансфер на четворица фудбалери од ист клуб за неверојатни 376 милиони евра.
Сепак, она што ги загрижува навивачите е фактот дека фудбалерите играат за Њукасл, екипа која синоќа прими седум гола од Барселона. Арсенал планира да ги купи левиот бек Луис Хал, но и Гордон, Тонали и Ливраменто.
Понудата е 376 милиони евра за сите четворица, сума на која тешко може да ѝ се одолее, но тоа би создало проблем во Њукасл бидејќи раководството ќе мора да гради комплетно нова екипа.

