Арсенал ќе си набере слатки цреши, Шик пак ќе биде шик против Хофенхајм

1006 Борнмут – Арсенал (Премиерлига, 18.30 часот)

Арсенал има старт со две победи во Премиер лигата што ветува, а навивачите по долг период имаат причини да бидат задоволни и да се надеваат и на највисоки дострели.

Борнмут направи кам-бек во Премиер лигата и го прослави со убава победа против Астон Вила од 2:0, но потоа популарните Цреши налетаа на првакот Манчестер сити и беа поразени со убедливи 4:0.

Распоредот им е незгоден и сега се аутсајдери против освежениот и рекомпониран тим на Арсенал, кој изгледа и игра моќно.

Топчиите немаат пораз од Борнмут веќе четири години, или на последните пет меча, а имаат многу поквалитетен тим и сега и ќе ги освојат бодовите денеска.

Предлог тип: 2 (1.45)

 

1304 Мајорка – Бетис (Ла Лига, 19.30 часот)

Мајорка има импресивна серија од 10 меча без пораз, сметајќи ги и летните пријателски натпревари, но не игра добро против Бетис.

На Балеарските острови гостувањата се многу незгодни за сите шпански екипи, па Мајорка успеавала да ги победи фаворитите и кога имала послаб тим.

И сега Бетис е фаворит, гостите од Севилја имаат одличен состав, подобар за класа од Мајорка, а патем се и во налет, откако го освоија пехарот во шпанскиот куп.

Имаат амбиции да се борат за врвот на табелата и почнаа одлично со триумф од 3:0 против Елче, па сега ќе сакаат да врзат две победи по ред.

Мајорка знае да биде незгодна дома, но типуваме дека нема да победи во меч со малку голови.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.76)

 

3004 Интер – Специја (Серија А, 20.45 часот)

Интер се намачи со Лече и избегна изненадување во првото коло со победнички гол во 95. минута.

Со триумф новата сезона ја почна и Специја, па гостите ќе можат да играат без грч и порелаксирано, што може да му отвори повеќе простор за офанзива на Интер.

Нероаѕурите имаат моќен тим, се врати Ромелу Лукаку и од нив се очекува да бидат вистинска машина за голови.

Опциите со Лукаку, Лаутаро Мартинес, Един Џеко, Кореа… во нападот ветуваат ефикасни мечеви на Интер, а ние типуваме дека денеска Специја ќе ја почуствува силата на одличниот состав од Милано.

Предлог тип:1-1&3+ (1.93)

 

1305 Селта – Реал Мадрид (Ла Лига, 22 часот)

Селта и Реал Мадрид си имаат убава традиција на натпревари со многу голови, а нема причина и денеска да не биде така на „Балаидос“ во Виго.

На последните 10 меча имаше вкупно 42 гола, или над четири во просек по натпревар.

И денеска ќе се игра отворено, двете екипи се чини имаат подобра офанзива од дефанзива, а имињата на Бензема, Аспас, Винисиус јуниор, Пасиенсија…се најава за нова голеада.

Нашата варијанта за денешниот меч меѓу Селта и Реал е дека ќе има најмалку еден погодок во првото полувреме и минимум два во вториот дел.

Предлог тип: 1+I&2+II (2.40)

 

6756 Баер Леверкузен – Хофенхајм (Бундеслига, 15.30 часот)

Ако за некого денеска вреди да се ризикува со играта „Стрелец на гол“, тоа е Патрик Шик, напаѓачот на Баер Леверкузен.

Прво, Чехот е еден од најдобрите голгетери во Бундеслигата и лани беше втор стрелец со 24 гола зад Левандовски, а второ и затоа што одлично му оди против Хофенхајм.

Лани на двата меча во Бундеслигата им даде вкупно 4 гола, односно по два дома и на гости, што е одличен ефект.

Шик даде еден гол на стартот на новата сезона, а Баер изнанедувачки претрпе три порази, два во Бундеслигата и е елиминиран на шокантен начин од Елверсберг во германскиот Куп.

Фармацевтите ќе тргнат во офанзива против Хофенхајм, за да ја прекинат серијата од три порази, а ние типуваме дека Шик пак ќе ја тресе мрежата на неговиот омилен ривал од ланската сезона.

Предлог тип: Стрелец Патрик Шик (1.85)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести