28.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Арсенал ќе почне преговори со Букајо Сака за нов договор

Раководството на англискиот премиерлигаш Арсенал наскоро ќе започне преговори со претставниците на Букајо Сака за нов договор, објави Би-би-си. Англискиот репрезентативец, кој не настапува од декември поради повреда, има важечки договор со Топчиите уште за две сезони.

Букајо Сака, кој има 23 години, сезонава постигна девет голс и забележа 13 асистенции за клубот.

Арсенал се наоѓа на второто место во Премиер лигата и има теоретски шанси за титулата, но Ливерпул има предност од 12 поени. Лондонскиот клуб стигна и до четвртфиналето од Лигата на шампионите, каде што ќе се соочи со Реал Мадрид.

Арсенал сè уште не знае кога ќе може повторно да смета на Букајо Сака, но клубот се надева дека ќе биде подготвен за натпреварите против Реал Мадрид, закажани за 8 и 16 април.

- Оглас -

Најнови вести