Поминаа само 24 часа од почетокот на типувањето за новото коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, а веќе се наѕираат фаворитите за викендов.
Во Премиер лигата најголемо внимание привлекува лондонското дерби помеѓу Тотенхем и Арсенал, а дури 80% од типувачите веруваат во триумф на Топчиите.
Неодлучни се процентите за дуелот на Аталанта и Наполи. Елмас и соиграчите имаат тешко гостување, но играчите на Спортската прогноза веруваат дека актуелниот шампион на Италија нема да загуби.
Наполи има поддршка од 39% од типувачите, 37% очекуваат реми, а 24% од играчите очекуваат победа на Аталанта.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.


