Арсенал киксна против Кристал палас, во Ливерпул започнува прославата (Видео)

Арсенал одигра само 2-2 против Кристал палас на домашен терен, па сега заостанува 12 бода позади Ливерпул, а до крајот на Премиер лигата треба да одигра уште четири натпревари.

„Топчиите“ двапати имаа водство, од 1-0 и 2-1, но на крајот во судиското продолжение останаа без победа. Кивиор го отвори резултатот уште во третата минута, а Езе израмни во 27-мата.

Арсенал се врати во водство во 42-рата минута преку Тросар, но Матета во 83-тата минута не дозволи домашна радост и ги постави конечните 2-2.

- Оглас -

Најнови вести