Фудбалерите на Арсенал славеа со 3:2 во големото дерби во Премиер лигата против Ливерпул и се вратија на лидерската позиција на табелата.
Арсенал е прв на табелата со 24 бода, еден повеќе од Манчестер сити, додека Ливерпул остана на делба на десеттата позиција со 10 освоени бода на осум натпревари.
Арсенал со победата конечно ја прекина лошата серија да ги губи дуелите со Ливерпул кога прв ќе постигне гол. До овој дуел, Арсенал три пати прв даде гол и три пати на крајот губеше.
Gabriel Martinelli goal in the first minute !!!! https://t.co/PkfCE97JWp
— Gilles 🇳🇬🏴 (@_Grimanditweets) October 9, 2022
Резултатот го отвори Габриел Мартинели уште во 58 секунда од натпреварот, односно во првиот напад на „топчиите“.
https://twitter.com/i/status/1579141516995563525
Ливерпул израмни преку Дарвин Нуњез во 34 минута, но на одмор се замина со предност на домаќинот откако во петтата минута од судиското продолжение, Букајо Сака на асистенција на Мартинели постигна гол за 2:1.
Gabriel Martinelli and Bukayo Saka combine for Arsenal’s second goal! Our star boys ⭐️
Arsenal 2-1 Liverpool #ARSLIV pic.twitter.com/LIpsg9Ojb5
— ArsenalVideo (@arsenal_video) October 9, 2022
Мартинели со 21 година и 113 дена стана најмладиот фудбалер на Арсенал што постигнал гол и имал барем една асистенција на натпревар против Ливерпул.
https://twitter.com/i/status/1579153769438158848
На стартот од второто полувреме, во 53 минута, резервистот Роберто Фирмињо го израмни резултатот, но победата и трите бода за Арсенал ги обезбеди Сака.
Англискиот репрезентативец во 76 минута погоди за 3:2 од белата точка, откако судијата Мајкл Оливер досуди пенал по прекршокот на Тијаго Алкантара над Габриел Жесус.
Saka gets his second with a goal from the Penalty spot pic.twitter.com/OP1HOsDfsk
— Soccergists (@Soccergists_) October 9, 2022
Арсенал во следното коло ќе му гостува на Лидс, додека Ливерпул го чека најтешкиот можен предизвик во Премиер лигата, дуелот со шампионот Манчестер сити на „Енфилд“.