Арсенал лесно поведе со 2:0, но на крајот стравуваше да не остане без победата (Видео)

Арсенал со 2:1 го победи Нотингем Форест во меч од првото коло во англиската Премиер лига. Топчиите беа фаворити пред своите навивачи и добро започнаа. Во првото полувреме Арсенал беше многу подобар тим и тоа го крунисаа со два погодоци.

Посебно атрактивен беше погодокот на Сака пред крајот на првиот дел кога домаќините поведоа со 2:0. Овој погодок на сака можед а го видите ТУКА.

Во второто полувреме повторно доминираа домаќините, но не беа ефикасни. Да биде драматичен финишот се погрижија гостите кога по еден контра напад Авони погоди за 2:1 во 82 минута. Нотингем Форест се обиде во финишот да стигне и до втор погодок, но Арсенал се одбрани и на крајот фаворитот стигна до посакуваните три бода.

- Оглас -

Најнови вести