Помалку од 24 часа останаа за да ги дадете вашите прогнози за деветтото коло на Спортска прогноза. Вкупно 13 меча од петте најсилни лиги се во понудата, а посебно омилени на прогнозерите им се големите европски екипи, во кои се има најголема доверба.
Во англиската Премиер лига Арсенал игра против Тотенхем во лондонското дерби, а за победа на Топчиите веруваат речиси 85 отсто од прогнозерите. Манчестер сити гостува кај Њукасл, а во триумф на Граѓаните веруваат дури 75 отсто.
Огромни 77 отсто доверба дека ќе победи има и Баер Леверкузен на гостински терен кај Волфсбург, додека „шлагот“ на ова коло ќе биде одигран на крај. Интер е домаќин на Милан во миланската пресметка, а за победа на Нераѕурите веруваат над 55 отсто.
Како и во секое коло така и сега, главен предизвик е да се погоди Среќна 13-ка, односно да се погодат фиксовите на сите 13 средби. За таков подвиг следува подарок iPhone 16. За 12 погодоци се добива ваучер од 1.000 денари, додека 11-ката е за ваучер од 500 денари.


