Бразилскиот дефанзивец Габриел Магаљаеш (27) е на чекор до потпишување на нов и значително побогат договор со Арсенал, пренесуваат британските медиуми. Иако има активен договор до јуни 2027 година, раководството на клубот сака да го награди со повисока плата заради неговите одлични настапи во изминатата сезона.
Габриел пристигна на „Емирати“ во летото 2020 година од францускиот Лил за 26 милиони евра, но моментално заработува „само“ шест милиони евра по сезона, што го прави еден од послабо платените во тимот.
Интерес за него покажува и Ал-Наср од Саудиска Арабија, но менаџерот на Арсенал, Микел Артета, не сака да се откаже од својот стандарден стоперски тандем – Габриел и Вилијам Салиба – кој е столб на одбраната на „топчиите“.
Иако е дефанзивец, Габриел има забележителен ефект во нападот, оваа сезона постигна пет голови и запиша три асистенции во сите натпреварувања.