Арсенал на Емери е полош од најлошиот Арсенал на Венгер

Арсенал загуби од Лестер со 2:0 и лондончани останаа со 17 бодови по 12 одиграни меча во Премиер лигата. Лестер даде два гола во вториот дел и стигна до 26 бодови, па сега е пред Манчестер сити, кој денеска го чека дерби дуелот на гости кај Ливерпул.

На Арсенал ова му беше 50-тиот меч во првенството под водство на тренерот Унаи Емери. Тој беше наследникот на легендарниот Арсен Венгер, кој си замина поради слабите резултати во последните неколку сезони. Навивачите очекуваа дека со Емери на чело, Топчиите повторно ќе бидат конкурентни за освојување на трофеи, но статистиката е поразителна.

Со Емери како тренер, Арсенал во 50 лигашки дуели има освоено 87 бодови (25 победи, 12 реми, 13 порази), што е за еден бод помалку од тоа што Топчиите имаа освоено на последните 50 меча под водство на Венгер. Францускиот стратег на последните 50 првенствени дуели имаше 27 победи, 7 реми и 16 порази.

 

- Оглас -

Најнови вести