Една од најпопуларните жени на светот и ријалити ѕвезда, Ким Кардашијан, вечерва е на „Емирејтс“ во Лондон и го гледа фудбалскиот меч помеѓу Арсенал и Спортинг Лисабон.
Ким ги шокира фановите со своето присуство. Се зборува дека таа снима документарен филм и затоа е на стадион, а и да му направи мерак на синот, кој е навивач на Арсенал и често се појавува на фотографии во дрес на овој клуб.
Неодамна Ким се шеташе во ретро дрес на Рома, па римјаните помислија дека таа навива за Волчицата. Вечерва навивачите на Арсенал се фалат со присуството на Кардашијан.