1007 Брентфорд – Арсенал (18:30 ч.)
Арсенал одлично ја почна сезоната и има само еден пораз во првите 12 кола. Со само 10 примени погодоци, Топчиите ја имаат најдобрата одбрана. Брентфорд е тим кој игра отворено и доста дава, но и прима голови. На пет од последните шест средби, Брентфорд игра со 2-3 погодоци на меч.
Топчиите со победа може да бидат и први, ако дербито меѓу Сити и Ливерпул заврши без победник. Арсенал секако ќе биде со мотив за освојување на трите бода.
Предлог тип: Х2&2-4 (1.83)
1703 Стразбур – Марсеј (21 ч.)
Традицијата вели дека Марсеј нема да загуби на ова гостување. Во последните 17 меѓусебни дуели, Марсеј има девет победи, а осум средби завршиле нерешено. Стразбур последен пат се радувал во далечната 2005 година со 1:0.
На 13 од последните 14 средби на овие два клуба имало барем два погодоци,а дури седум пати било со 4+ погодоци.
Предлог тип: T2 1+I&1+II (3.35)
3002 Аталанта – Наполи (18 ч.)
Ова се два тима кои се веднаш зад водечкото трио на табелата. Двете екипи важат за офанзивни и целта им е да постигнат повеќе погодоци од ривалот.
На четири од последните шест меѓусебни дуели било ГГ4+, што е најава за интересен меч со повеќе погодоци. Во тие шест средби, двата тима имаат по три победи, а нерешено било само еднаш во последните девет средби.
Предлог тип: ГГ3+ (2.14)
1807 Ајнтрахт Франкфурт – Штутгарт (18:30 ч.)
Ајнтрахт се специјализираше за нерешени и има шест реми во 11 средби сезонава. Од друга страна, Штутгарт е само еден од двата тима во Бундеслигата без ниту едно реми.
Ајнтрахт доминира ако се погледат последните девет кола, затоа што Штутгарт има пет порази, четири пати одиграл нерешено и ниту еднаш не се радувал на триумф. Штутгарт сезонава игра одлично, но тешко дека на ова гостување ќе може да си замине со целиот плен
Предлог тип: 1Х&2-4 (2.25)
1305 Атлетико Мадрид – Мајорка (21 ч.)
Нема дилеми дека домаќинот е голем фаворит за победа. Атлетико сезонава дома има шест победи во шест средби и е единствен со перфектен биланс пред своите навивачи. Мајорка има само една победа во 12 кола и реално гостите нема што многу да бараат во Мадрид.
Предлог тип: 1-1&2+ (2.40)